Цели и задачи

БММК има свои цели и задачи:
– Културна, образовна, социјална, политичка и друга соработка на младите од Република Македонија и Република Бугарија.
– Стимулирање, поддршка, лобирање, менаџирање, имплементација и развој на
позитивното размислување на младите од двете држави.
– Стимулирање, поддршка, лобирање, менаџирање, имплементација и развој на
европските вредности на младите луѓе.
– Стимулирање и поддршка на отворената критика и критичко размислување;
– Стимулирање, креирање, менаџирање, имплементација и развој на современи
истражувачки и аналитички механизми, активности, манифестации, проекти,
програми и иницијативи од сите области кои ќе бидат корисни за младите од Република Македонија и Република Бугарија.
– Стумулирање, лобирање, менаџирање, креирање и развој на соработка со општините, државни организации, медиумите, бизнис секторот, други невладини организации, фондации, асоцијации и остварување на соработка.
– Поддршка, созадавање и развој на соработка со органите на централната и
локалната власт, меѓународни институции и организации, амбасади и
влади;
– Стимулирање, поддршка, имплементација и застапување на младинскиот
позитивен имиџ, преку позитивните примери за младите од двете држави.
– Учество во решавање, надминување и задоволување на проблемите и потребите на младите
– Други цели и задачи кои не се предвидени во Статутот, но не се косат со Уставот и законите на Република Македонија и Република Бугарија.