Трката со кајаци ги збратими Општина Дојран со Општина Свиштов

Претпладне, градоначалниците на град Дојран во Република Македонија и Свиштов во Република Бугарија си подадоа рака со договор за збратимување помеѓу двата града.

Градоначалниците на Дојран, Анго Ангов и на бугарскиот град кај Дунав, Генчо Генчев ја отворија официјално трката со кајаци, која собра стотици локални гледачи и туристи „Под Јаворите“ на брегот на Дојранското Езеро. Од Софија пристигнаа професионални кајакари кои ги демонстрираа своите вештини во бистрите води на езерото.

Настанот беше организиран од Општина Дојран, 33-ти Свиштовски полк, Фондација Бугарска Памет, Југоисток Плус, Бугарско-Македонски Младински Клуб и Бугарски Културен Клуб-Скопје во чест на стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна.